Ќе биде драма за третото место на СП, на Островот ќе има најмногу возбудувања

6051 Хрватска – Мароко (16 ч.)

Во меѓусебен дуел го започнаа Мундијалот и одиграа без голови, а сега играат за трето место на СП. На пет од досегашните шест меча Мароко играше со не повеќе од два гола, а Хрватска три пати во шест меча играше со 3+.

Двете селекции се истоштени и физички и психички, нема да играат во најсилните состави, но сепак, мотивот да се биде трет во свет ќе ги влече кон победата.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.95)

 

1586 АПОЕЛ – Анортозис (18 ч.)

АПОЕЛ со победа ќе се врати на првото место во кипарското првенство, а Анортозис реално не е ривал кој може да ги сопре домаќините.

На пет од последните седум меѓусебни дуели, на крајот имало два до три погодоци. АПОЕЛ е во одлична низа од девет победи по ред, додека Анортозис има само еден триумф во последните четири кола.

Предлог тип: 1&2-4 (2.45)

 

1012 Бристол – Стоук (16 ч.)

По 22 одиграни кола ова се речиси израмнети екипи па Бристол има 27 бодови, а Стоук 26. Во последните две години имаат одиграно пет дуели меѓусебе и сите биле со не повеќе од два гола, а исто било и ако се погледнат осум од последните девет средби. Токму затоа на овој дуел ќе ја следиме традицијата и тука не треба да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.81)

 

1013 Барнли – Мидлсбро (16:00 ч.)

Барнли е лидер во Чемпионшип и единствен кој нема пораз на домашен терен (седум победи и четири реми), додека Мидлсбро е екипа која игра солидно, а сега се наоѓа во добра форма и во последните пет кола има четири победи и едно реми.

Двете екипи негуваат офанзивен фудбал и играат со многу голови, па така треба да биде и сега.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.04)

 

1243 Хартс – Килманрок (16 ч.)

По едномесечна пауза продолжуваат возбудувањата во шкотското првенство. Хартс е со желба да остане во првите шест на табелата, додека Килманрок игра многу слабо и со 15 бода од 16 кола е претпоследен на табелата. На гостински терен Килманрок има дури седум порази и само едно реми во осум дуели, па реално нема што да бара на ова гостување.

Предлог тип: 1 (1.76)

- Оглас -

Најнови вести