33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Ќе биде ефикасна вечер во квалификациите за ЛШ

6709 Базел – ФК Копенхаген (21.00 часот)

Швајцарскиот првак дури сега се вклучува во квалификациите за ЛШ, додека Копенхаген за да стигне до плејофот, мораше да мине две рунди против Дрита и Малме, дуели на кои не прими ниту еден гол. Данците се екипа која е многу подобра дома отколку на гости. Базел чија главна ѕвезда е Џердан Шаќири, дома нема пораз од 16-ти март наваму. Ги добија двата меча на свој терен во швајцарската лига сезонава, но на двата примаа гол.

Предлог тип: & 2-4 (2.09)

 

6708 Бодо/Глимт – Штурм (21.00 часот)

Бодо/Глимт и Штурм Грац беа слободни во првите три кола, па овој плејоф ќе покаже кому му е местото во Лигата на шампионите, а кому во Лигата на Европа. За домашните предност може да биде што се во полн натпреварувачки ритам, одиграа веќе 19 меча во норвешката лига, додека од австриската се поминати само три кола. Гостувањата на далечниот север секогаш се незгодни, но сега времето и не е толку студено, што е олеснителна околност за Штурм, кој во последно време речиси редовно игра мечеви со 3+ голови.

Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.65)

 

6731 Селтик – Каират (21.00)

Во Селтик можеби очекуваа за ривал да го имаат Слован Братислава, но казахстански Каират потврди дека е добар тим и тоа не само затоа што ги елиминира Словаците, туку претходно беше подобар и од словенечкиот и финскиот првак и заслужи да игра барем во главната фаза на ЛЕ. Секако, Шкотите се големи фаворити на хартија и вечерва би требало да победат дома, прашањето е само со колкава предност ќе одат на реваншот.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.80)

 

6707 Фенербахче – Бенфика (21.00 часот)

Ова е дерби на вечерта, битка на два големи клуба. Бенфика во минатото коло без проблеми ја мина Ница, а Фенер дома му даде пет гола на Феенорд и тоа е предупредување за лисабонските Орли дека екипата на Мурињо е непријатен домаќин. Интересно е дека овие два тима играа меѓу себе пред неполн месец, тој пријателски меч заврши со 3-2 за Бенфика, а еден од головите за Бенфика го даде Турчинот Актуркоглу, кој е ексиграч на Галатасарај. Бенфика има серија од четири меча по ред без примен гол.

Предлог тип: GG & 1+I (1.80)

 

1034 Болтон – Ридинг (21.00 часот)

Некогашниот премирлигаш Болтон сега е во трет ранг на натпреварување во Англија, (Лига 1), а по три кола има балансиран учинок од по една победа, пораз и реми. Ридинг е на дното, уште нема освоено ниту еден бод, а притоа примаше по два гола на секој од трите меча. Болтон е фаворит за победа и би можело да ја продолжи црната серија на Ридинг од примање на два гола. Последните два меѓусебни дуела на овие екипи на стадионот на Болтон завршуваа со победа на домашните од 5-2.

Предлог тип: 1 & 0-29 min. (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести