14.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Ќе биде ефикасно во Франкфурт, Монте Карло и Лисабон

6013 Челзи – Ајакс (21.00 часот)

Во овој меч на некогашни европски шампиони, фаворит на хартија е домашниот тим и изненадување би било да не триумфира. Ајакс лошо почна во ЛШ сезонава, има два порази по првите две гол и гол-разлика 0-6. Сините од Лондон не блескаат, но имаат три бода, дома ја совладаа Бенфика со 1-0, пред тоа загубија од Баерн. Викендов Ајакс загуби и во домашното првенство од АЗ Алкмар, додека Челзи со 3-0 славеше кај Нотингам форест. Овие два тима меѓусебе во Лондон играа во 2019 година и резултатот беше спектакуларни 4-4, а гостите добија два црвени картони.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.55)

 

6014 Ајнтрахт – Ливерпул (21.00 часот)

Тимот од Франкфурт ќе се обиде да ја искористи кризата на Црвените кои иако летово се засилија со многу скапи играчи, не ги испорачуваат посакуваните резултати. Едно од тие засилувања на Црвените беше и Екитике кој го купија токму од Ајнтрахт. Германскиот тим во првите две кола победи и губеше со по 5-1, тие се тој кој и во домашната лига редовно и дава и прима гол. Ливерпул во претходното коло во ЛШ загуби од Галатасарај и нов пораз би значел петти во низа и уште поголем проблем. Овие два клуба последен пат играле меѓусебе пред 53 години.

Предлог тип: ГГ & 4+ (2.10)

 

6016 Монако – Тотенхем (21.00 часот)

Монако во ЛШ има еден бод и шест примени голови по две кола, додека Тотенхем собра 4 бода, но имаше и многу полесни противници. На листата на повредени кај Монако е Ерик Даер, кој десет сезони играше за Тотенхем. Ова се два тима кои многу често и даваат и примаат гол, па статистички, би требало да биде ефикасен натпревар. Монако дома не загубил од февруари, а Тотенхем не загубил на гости од мај наваму.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

6017 Реал Мадрид – Јувентус (21.00 часот)

Реал ќе се обиде да дојде и до третата победа во третиот меч во ЛШ сезонава, а Јувентус не би имал ништо против повторно да одигра нерешено, како во првите две кола во кои и даде и прими по 6 голови. Јуве и во минатото коло гостуваше во Шпанија, кај Виљареал одигра 2-2. Кралскиот клуб во минатото имал проблем со ривали од Италија, но вечерва е фаворит против тимот кој го победуваше во две финалиња на ЛШ во последните 27 години. Јувентус е во очајна форма, последната победа му беше на 13-ти септември.

Предлог тип: & 2-4 (1.74)

 

6012 Спортинг Л. – Марсеј (21.00 часот)

На Спортинг и Марсеј нападот им е посилна страна, дадоа по пет гола во првите две кола во ЛШ што им беше доволно за да освојат по три бода. Марсеј викендов во француската лига победи со 6-2, четири голови постигна Гринвуд, додека Спотнг се мачеше во Купот на Португалија. Откако загуби несреќно од Реал во Мадрид,  Марсеј има сериј од пет победи по ред, на последните три меча дадоа 13 голови. Марсеј победи со 2-0 на последното гостување кај Спортинг пред три години, па ова е незгоден меч за типување.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.85)

- Оглас -

Најнови вести