2.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Ќе биде „фешта“ во последното коло, дури осум екипи имаат по 13 бода, кој нема да биде во Топ 8? (Фото)

Само уште едно коло останува да се комплетира групната фаза во Лигата на шампионите, а табелата покажува дека ќе биде многу интересно. Арсенал е единствениот перфектен со седум победи, а потоа следуваат Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул. Не е ни чудо што овие четири европски гиганти се на врвот на табелата.

Тотенхем е на петтото место со 14 бода, а потоа следува нешто што ретко се гледало досега. Дури осум екипи имаат по 13 бода, а тоа се: ПСЖ, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер сити, Атлетико Мадрид и Аталанта и тие се поредени од шестото до 13-тото место.

Тука се и Интер и Јувентус со по 12 бода, кои исто така имаат реални шасни да се борат за на крајот да бидат во Топ 8, но тоа ќе зависи и од многу други резултати.

- Оглас -

Најнови вести