Ракометарите на Еурофарм Пелистер го победија Вардар 1961 со 26-23 во финалето на меѓународниот турнир во Струга и најавија дека ќе водат голема битка за трофеите во домашните натпреварувања, заканувајќи се да ја прекинат доминацијата на двократниот европски првак.
По нерешените 13-13 на полувреме, битолчани во наредните 20-тина минути направија разлика која Вардар 1961 не успеа да ја стопи.
Желбата за победа беше голема, па во финишот имаше и немили сцени, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, доби син картон, што значи дека освен исклучувањето, може да добие и некаква дополнителна суспензија.
Третото место го освои Металург, кој во битката за третото место го совлада Охрид со 31-26.