Ќе биде интересно: Мурињо од студио ќе го анализира англиското дерби

Жозе Мурињо викендов по вторпат ќе се врати на „Олд Трафорд“ откако доби отказ од кормилото на Манчестер јунајтед. Португалскиот стратег ќе биде гостин во студиото на „Скај спортс“ и ќе се занимава со анализа на најголемото англиско дерби. Затоа ќе биде интересно одново да се види Специјалниот како ја коментира играта на неговиот поранешен клуб, но исто така ќе биде добро да се слушне неговото мислење околу перформансите на актуелниот европски првак.

Мурињо беше во студиото на британската телевизија на стартот од сезоната токму за дебрито меѓу двата негови поранешни клубови, кога Јунајтед го декласираше Челзи со 4-0. Исто така го анализираше поразот на Црвените ѓаволи од Вест хем кон крајот на септември, но тогаш беше во студиото на „Стемфорд бриџ“, кога Ливерпул го совлада Челзи со 2-1.

Само пред еден месец, португалскиот стратег го критикуваше Јунајтед откако екипата забележа негативен рекорд, остварувајќи само пет победи во последните 23 меча, а неговата изјава за брзо стана популарна.

„Далеку се зад останатите ривали. Можеби заслужив да добијам отказ поради слабите резултати, но тие сега се полоши од кога било“, рече Мурињо пред еден месец за екипата која сега ја предводи Оле Гунар Солскјер.

Во пресрет на неделното дерби, кое е закажано за 17:30 часот, Ливерпул цврсто стои на врвот на табелата со максимални 24 бода, додека 20-кратниот англиски првак е на 12-тото место со заостаток од 15 бода зад Црвените.

- Оглас -

Најнови вести