Нема измени на врвот од најновата АТП ранг-листа, барем што се однесува до пласманот на тенисерите. Јаник Синер останува на врвот, пред Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас.
Сепак, тројцата најдобри тенисери сега се со разлика само од 820 поени, што најавува возбудувања на Отвореното првенство на САД. Синер има 8.770 поени, односно 310 повеќе од Ѓоковиќ кој има 8.460, што е 510 поени повеќе од 7.950-те кои ги има Алкарас.
Шпанецот има најголеми шанси годината да ја заврши на првото место бидејќи минатата сезона заврши лошо за него и има за бранење само 2.000 поени, наспроти 5.300 поени кои треба да ги одбрани Ѓоковиќ до крајот на годинава.