Ќе биде изненадување ако Мајами и Феникс не поведат со 3-0, квотите за НБА мечевите се супер

Американските аналитичари во пресрет на вечерашните мечеви од НБА плејофот, веруваат дека поголеми се шансите Мајами и Феникс да поведат со 3-0, отколку Филаделфија односно Далас да намалат на 1-2 во нивните полуфинални конференциски серии.

Главниот хендикеп на Филаделфија е неиграњето на повредениот Џоел Ембид. Тој и понатаму е неизвесен за вечерва, до пред самиот меч нема да се знае дали ќе игра, но дури и ако се појави, прашање е дали ќе може да придонесе како кога е здрав. Домашниот терен е предност за Филаделфија, но тоа ја прави квотата за двојка на Мајами уште попримамлива.

На Западот, јасно е дека Феникс е посилен од Далас, и дека кај Маверикс мора да се најде уште некој што ќе се разигра освен Лука Дончиќ. На првите два меча, Словенецот даде 80 од 223-те поени на неговиот тим. На Сонцата им одговара да го пуштат Дончиќ да растура, но да ги запрат сите останати играчи на Маверикс.

- Оглас -

Најнови вести