Ќе биде ли конечно национaлен херој? Аргентина да победи, а Меси да даде гол носи одличен коефициент во Sport Life

Аргентина дури 28 години чека да се израдува на трофеј на Копа Америка. Во 1993 година, Гаучосите за последен пат го кренаа трофејот наменет за најдобрата селекција во Јужна Америка, а ноќеска ќе имаат шанса да донесат нова голема радост на своите фанови.

Предводени од капитенот Лионел Меси, Аргентина во финалето ќе игра против Бразил, кој е домаќин на турнирот. Финалето се игра на Маракана во Рио де Жанеиро, а Меси и другарите ќе имаат голем предизвик да го покорат домаќинот кој е и актуелен освојувач на Копа Америка.

Аргентина во последните две години има само еден пораз на последните 22 меча и тоа е токму од Бразил. Кариоките се во одлична форма и имаат 12 победи и едно реми во последните 13 средби. Тоа што е интересно кога се работи за меѓусебните средби, на последните пет дуели, било НГ, односно една од двете селекции да не постигне погодок.

Во Sport Life за ова финале има понуда во Специјалниот сингл каде може да одберете многу различни игри. Една од оние кои ви ги нудиме, посебно ако сте фан на Аргентина и Меси е да одиграте дека Гаучосите ќе победат, а токму Лео ќе биде стрелец на погодок. На досегашниот дел од турнирот Меси даде четири гола, а имаше и четири асистенции. За да биде стрелец во финалето, а Аргентина да победи, коефициентот е одличен и изнесува ШЕСТ.

Погледнете ја комплетната понуда за Специјален сингл за финалето меѓу Бразил и Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести