Неколку големи дерби-дуели ќе бидат во фокусот на вниманието во второто коло на Спортска прогноза кое започнува утре. На менито се вкупно 13 меча од петте најсилни лиги во Европа, а во сабота има едно големо дерби, и тоа меѓу Манчестер јунајтед и Челзи.
Црвените ѓаволи веќе се навикнаа да губат на свој терен, па не чуди што речиси 50 отсто од прогнозерите очекуваат победа на Челзи, додека во Манчестер јунајтед веруваат едвај 28 отсто од прогнозерите.
За в недела се закажани три големи дерби-дуели. Во пладневниот термин ќе гори Рим, каде што Лацио ќе биде домаќин на Рома. За прогнозерите, најреално е да биде нерешено и тоа го чекаат речиси 50 отсто.
Арсенал е домаќин на Манчестер сити и Топчиите се во улога на фаворити, барем според 55 отсто од прогнозерите. Неделните возбудувања ќе завршат со француското дерби меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ. Над 70 отсто чекаат Светците да победат, иако играат на гости.
Главниот предизвик за прогнозерите е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно фиксовите на сите 13 натпревари. За перфектна прогноза следува мобилен телефон „ајфон 16“.
За 12 погодоци, следува ваучер во Sport Life од 1.000 денари, додека со 11 погодоци, ваучерот е 500 денари.