30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Ќе биде луда ноќ, играат Реал Мадрид – Барселона, Баерн – Сити и Арсенал – Челзи

Американскиот континент е местото каде се собрани голем дел од европските гиганти како дел од подготовките за новата сезона. Токму вечерва, односно по полноќ по македонско време, има три спектакуларни дуели во САД.

Реал Мадрид и Барселона ќе играат во Ел Класико дуелот и тоа во Лас Вегас. На овој меч се очекува деби на Роберт Левандовски во дресот на Барселона. Со ѕвезди какви што имаат овие два гиганти, речиси секогаш има и гол шоу, а кога се работи за пријателски меч, може со сигурност да се очекуваат погодоци на двете страни.

Во дуел на шампионите на Германија и Англија, силите ќе ги одмерат и Баерн Минхен и Манчестер сити и тоа во Грин Беј.

Во Орландо се очекува шоу да направат лондонските ривали Арсенал и Челзи. Двата тима доведоа неколку квалитетни фудбалери во овој преоден рок и ќе биде интересно да се види како се вклопени екипите.

Сите три меча ги има на понудата во Sport Life, а ако се знае дека се работи за фантастични пријателски дуели на кои гледачите ќе очекуваат погодоци, може да се проба сите три средби да се одиграат во комбинација гол-гол, односно дека сите шест екипи во овие три средби ќе постигнат барем по еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести