Денешните Квоти на ден се едни од најатрактивните кои сме ги имале, а петте мечеви ако ги одиграте според понуденото, носат вкупен коефициент од 49.41, што значи дека со само 20 вложени денари, добивката е безмалку илјадарка.
Манчестер јунајтед треба да победи против Њукасл во меч на кој ќе има 2-6 погодоци, а оваа комбинација носи коефициент од 2.55.
Во Ел Класико во Мадрид ќе играат Реал Мадрид и Барселона, а на овие мечеви речиси секогаш има погодоци, па затоа понудата е ГГ прво/второ што носи квота од 1.95.
Второто големо денешно дерби ќе биде на „Енфилд роуд“, каде Ливерпул е домаќин на Манчестер сити, а тука опцијата е Граѓаните да постигнат два гола, но и Ливрпул да ја затресе мрежата на противникот. За Т22+&ГГ коефициентот е 2.15.
Дерби има и во Франција, а ПСЖ е домаќин на Олимпик Марсеј. Играта е домаќинот да постигне 1-3 голови во првото и 1-3 голови во второто полувреме, што носи коефициент 2.15.
Шлаг на денешните квоти на ден треба да е дуелот Верона – Милан. Росонерите треба да победат во меч на кој ќе има барем еден погодок во првото полувреме за да биде добитна квотата од 2.15.