Ќе биде лудо ако се случи: Дончиќ и Јанис во ист тим?

НБА-лигата во блиска иднина може да добие ново фантастично дуо, има шанси Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо да заиграат во ист тим. Наводно, Далас во 2021 година ќе атакува по потписот на грчкиот Ѕвер, кој може да им се приклучи на Дончиќ и Порзингис.

Евентуалното дуо Дончиќ – Јанис, односно триото ако се додаде Порзингис, може да доминира во лигата во наредните години. Сопственикот на Маверикс, Марк Кјубан, има намера да направи европска колонија во Далас со која ќе ги гази конкурентите за титулата.

Доколку ова се случи, Далас ќе има неверојатно моќен тим кој ќе треба да надополни неколку титули на веќе едната освоена во 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести