Ќе биде лудо, Олимпијакос ја прегази Астон вила и ќе игра во сонуваното финале во Атина

Олимпијакос успеа во својата мисија, неочекувано, но според прикажаното, заслужено ја елиминира Астон вила и ќе игра против Фиорентина во финалето на Конференциската лига во Атина, на стадионот на АЕК, кој е само на 15 километри оддалеченост од стадионот на којшто Олимпијакос ги игра своите средби.

Ајуб Ел Каби беше двоен стрелец во вечерашната победа од 2-0 и јунак на пирејските Црвено-бели. Ел Каби е прв стрелец во Конференциската лига сезонава дури со 10 гола на осум меча. Тој на двата меча против Астон вила во полуфиналето постигна вкупно дури пет гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести