Се помали се шансите дека Леванте и нашиот Енис Барди и наредната сезона дека ќе ги гледаме во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец одигра 75 минути во поразот на неговиот тим од Осасуна со 3:1 во мечот од 29-то коло во шпанската Ла Лига.
Чими Авиља погоди во 44-та минута за радост на домашниот тим, додека Анте Будимир (57′) и Дарко Брашанац (64′) ги решија сите дилеми околу победникот. Почесен го за Леванте даде Роџер Марти во 76-та минута од средбата.
Последнопласираниот тим во Ла Лига остана на бројката од 19 бодови по 29 одиграни средби, а Мајорка која е на 17-то место кое што обезбедува опстанок има 26 бода и натпревар помалку, па така ќе биде невидено чудо доколку Леванте со ваква катастрофална игра успее да обезбеди опстанок.