Ќе биде огромен хендикеп ако не игра во плејофот – Дончиќ се повреди на последниот меч, што не требаше да го игра (Видео)

Лука Дончиќ се повреди на последниот меч за Далас маверикс во регуларниот дел од сезоната, што воопшто и не требаше да го игра, па сега неговиот настап во првото коло од плејофот е неизвесен.

Далас победи со 130:120 против Сан Антонио во меч што не му значеше ништо на тимот бидејќи веќе го имаа обезбедено четвртото место во Западната конференција.

Дончиќ има повреда на бутниот мускул, а од Далас објавија дека се надеваат дека волшебникот од Словенија сепак ќе игра во плејоф-серијата против Јута џез во првото коло.

https://twitter.com/OfficialNBABuzz/status/1513357558886682626?s=20&t=IJxE6AsaMOxGilKNtxD-sg

Дончиќ е алфа и омега во тимот на Далас и без него Маверикс би биле големи аутсајдери против Јута џез, иако ќе имаат привилегија да одиграат меч повеќе на домашен терен во интересната плејоф-серија во првото коло.

Серијата почнува во Далас на 16 април во 19 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести