25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Ова ќе биде тешка вечер за домашните екипи во НБА

Дури осум меча ќе се одиграат ноќеска во НБА-лигата, а интересно е дека на повеќето дуели, екипите кои гостуваат се во улога на фаворит за победа. Лос Анџелес клиперс игра во одлична форма и тоа треба да го потврди со победа на гости кај Торонто, кој има само една победа во последните осум меча.

Мемфис има пет победи во последните шест меча против Орландо, но овојпат Магичните се фаворити за победа, иако ќе играат на гостински терен. Од сите екипи кои играат пред домашната публика, најсигурно е да се одигра „кец“ на Милвоки во дуелот со Кливленд.

Стандардно, тука е и понудата за „плус-минус“ поени на играчите и има повеќе од 50-мина кошаркари за кои е предизвик да се погоди каква кошгетерска вечер ќе имаат.

- Оглас -

Најнови вести