Манчестер јунајтед и Челзи ќе се сретнат во полуфиналето од ФА Купот, додека Арсенал го чека подобриот од дуелот Њукасл – Манчестер сити. Вака одлучи ждрепката која се одржа на паузата од последниот четвртфинален дуел, каде што Ѓраѓаните моментално водат со 1-0.
Екипите на Солскјер и Лампард по четврти пат сезонава ќе ги одмерат силите, откако во двата премиерлигашки дуели триумфираа Црвените ѓаволи со 4-0 и 2-0, а во Карабао Купот го елиминираа тимот од Лондон со 2-1 во осминафиналето.
Полуфиналните дуели ќе се одиграат на „Вембли“ без присуство на публика, на 18 и 19 јули.