27.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Ќе биде полна арената „Тодор Проески“: Познати цените за билетите на дуелот Македонија – Англија

Македонската фудбалска репрезентација сигурно ќе има голема поддршка од трибините за дуелот против Англија во квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе биде во Германија.

Според најавите, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска на седницата во Кичево одлучи цената на билетите за натпреварот со Англија во Скопје да бидат од 300 до 500 денари.

Дуелот против Англија ќе се игра на на 20 ноември, на арената „Тодор Проески“ во Скопје, кога ќе биде промовирана и новата трева. Ова е последен натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година. Македонија на гостувањето на „Олд Трафорд“ пред неколку месец го претрпе најубедливиот пораз во својата историја, кога загуби со 7:0.

- Оглас -

Најнови вести