Јирген Клоп сака да го ангажира Елиф Елмас, и тоа во зимскиот преоден рок, односно веднаш по Нова Година.
Турските медиуми објавија ваква сензационална вест што би била одлична и за Елмас и за македонскиот фудбал ако се оствари.
Елмас летото во 2019 година за вкупен трансфер од 19 милиони евра, со вклучени бонуси, се префрли од редовите на Фенербахче во Наполи.
Сезонава најчесто е резерва и има помала минутажа од очекуваното, односно според најавите дека е фудбалски дијамант.
Има важечки договор со Наполи до 2025 година и е проценет на вредност од околу 23 милиони евра, иако се шпекулира дека Де Лаурентис и Наполи ќе бараат многу повисока отштета за да го продадат.
Турските медиуми дури објавија дека Клоп лично му се јавил на Елмас и му објаснил која би била неговата улога во англискиот гигант со 19 шампионски круни.
Ова е златна шанса за 23-годишниот македонски репрезентативец да заигра во моќната Премиер лига, и тоа во гигант што е втор најтрофеен според бројот на шампионски титули во Англија.