Ќе биде спектакл – На Македонија може да ѝ суди Аргентинец на ЕП

УЕФА ги одреди судиите што ќе имаат задача да ја делат правдата на Европското првенство од 11 јуни до 11 јули, а ќе биде спектакл ако на некој од трите натпревари на Македонија, против Австрија, Украина и Холандија, во првата фаза по групи ѝ суди Аргентинецот Фернандо Рапалини.

Рапалини е единствениот судија од друг континент што ќе суди како главен арбитер на ЕП. Има 43 години и е роден во Ла Плата, а го има судено и тоа неколкупати најголемото аргентинско дерби или популарното Суперкласико меѓу Бока јуниорс и Ривер плејт.

Во договор со УЕФА, Комненбол дозволи Рапалини да суди на шампионатот на Стариот континент, на кој за првпат ќе учествува и Македонија.

Ќе почнеме против Австрија на 13 јуни во Букурешт, на истото место четири дена подоцна противник ќе ни биде Украина, а фазата по групи ќе ја завршиме со меч против Холандија на 21 јуни во Амстердам.

Покрај Рапалини, УЕФА одреди уште 18 судии што ќе ја делат правдата на ЕП.

Еве го комплетниот список на судии што ќе бидат главни на шампионатот од 11 јуни до 11 јули:

Рапалини (Аргентина), Брих и Сајберт (Германија), Винчиќ (Словенија), Чакир (Турција), Лахоз и Серо Гранде (Шпанија), Екберг (Шведска), Гринфелд (Израел), Хатеган и Ковач (Романија), Карацев (Русија), Кујперс и Макели (Холандија), Оливер и Тејлор (Англија), Орсато (Италија), Турпан (Франција) и Дијас (Португалија).  

 

 

- Оглас -

Најнови вести