Светското првенство во фудбал ќе започне за помалку од три месеца, а репрезентацијата на Аргентина ќе ја има улогата на актуелен бранител на тронот. Селекторот Лионел Скалони најави дека за најголемиот турнир кој летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико можно е да повика еден фудбалер кој веќе се пензионира од националниот состав, а тоа е легендарниот Анхел ди Марија.
Ветеранот кој има 38 години се прости од репрезентацијата, но продолжи да игра на врвно ниво на клупски план. Токму затоа, селекторот Скалони најавува дека Ди Марија многу веројатно ќе биде во составот за настапите на Светското првенство кое ќе се игра ова лето.
„Постои огромна шанса Анхел ди Марија да биде повикан за следните мечеви на Аргентина. Иако репрезентативната кариера ја заврши во 2024 година, тој е заинтересиран за настап на Светското првенство“, пишуваат аргентинските медиуми.
Ди Марија речиси една и пол деценија беше репрезентативец на Аргентина, период во кој одигра 145 меча и постигна 31 гол.

