Ќе биде тениски спектакл – Реал сака да направи проштален меч Надал – Федерер на „Сантијаго Бернабе“

Роџер Федерер вчера изјави дека претстојниот Лејвер куп ќе биде последен во неговата богата кариера.

Таквата одлука на Швајцарецот потегна лавина реакции од страна на неговите колеги, а фудбалскиот клуб Реал Мадрид има поинаква идеја.

Тие на „Сандијаго Бернабе“ сакаат да организираат тениски спектакл кој ќе биде последен меч на Роџер, а противник ќе му биде добропознатиот Рафаел Надал.

Идејата е да има над 80 илјади фанови на трибините а сите пари да бидат донирани во добротворни цели.

- Оглас -

Најнови вести