Екипата на Вардар 1961 за првпат сезонава во Лигата на шампионите во ракомет влезе како фаворит во еден натпревар и може да му се случи прв пораз. Монпелје води во „Јане Сандански“ со 15-11 по првото полувреме.
Крилата на Монпелје му создаваа проблеми на Вардар, францускиот тим во неколку наврати водеше со по три гола разлика (7-4, 8-5, 12-9, 14-11) и не му дозволуваше на македонскиот првак да поведе, а оние плус четири со кои се замина на пауза се највисоката предност на некогашниот двократен европски шампион.
Дибиров со три и Тото со два гола се единствени кај Вардар со повеќе од еден гол, а и два од трите гола на Дибиров беа од седмерец. Монпелје има пет различни играчи барем со два гола.