Ќе биде циркус да се гледа – Најсмешното корона-правило во Бундеслигата

Тренерите во Бундеслигата ќе можат да ги симнуваат маските од лицето само за да им дадат инструкции на играчите како да се однесуваат на теренот со тактички насоки и потоа веднаш рикверц ќе мора повторно да се заштитат од евентуалната зараза од ковид-19.

Ова е само едно од многуте корона-правила што ќе мораат да се почитуваат од 16 мај, кога ќе продолжат натпреварите во германското првенство.

Има цел кодекс на однесување на натпреварите што ќе се играат во екот на пандемијата со корона-вирусот, а напишани се на цели 36 страници.

Сепак, најважно е што едно од Топ-5 првенствата во Европа ќе се игра, што ќе биде стимул и за останатите да се охрабрат и да ја завршат сезоната 2019/20, веројатно и најчудна во последните 100 години.

Според распоредот, Бундеслигата ќе продолжи со натпреварите од 26-тото коло што ќе се играат на 16, 17 и 18 мај, а дербито е во Дортмунд, меѓу Борусија и Шалке 04. Сите мечеви до крајот на сезоната, односно преостанатите девет рунди ќе се играат без присуство на публика.

Еве го распоредот на 26-тото коло:

Борусија Дортмунд – Шалке 04, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Аугсбург – Волфсбург, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Фортуна Диселдорф – Падерборн, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Хофенхајм – Херта, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Лајпциг – Фрајбург, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах, сабота, 16 мај, од 18.30 часот

Келн – Мајнц, недела, 17 мај, од 15.30 часот

Унион Берлин – Баерн, недела, 17 мај, од 18.00 часот и

Вердер Бремен – Баер Леверкузен, понеделник, 18 мај, од 20.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести