Ќе биде весело: Конте го посакува „највалканиот“ играч од Серија А (ВИДЕО)

Антонио Конте пред два месеца го презеде Тотенхем, по серијата лоши резултати на Нуно Еспирито Санто.

Италијанскиот стратег ја доби довербата на раководството на тимот и во наредните сезони се очекува да освои некаков трофеј.

Конте веќе ги има првите планови за во јануари, односно за летниот трансфер-период, а како прва потенцијална желба се споменува Артуро Видал.

Тие соработуваа во Интер, каде што минатата сезона ја освоија титулата во Серија А.

Договорот на Чилеанецот истекува наредното лето, а од Интер не планираат да му го продолжат.

Видал важи за еден од најпргавите играчи во Серија А и генерално во фудбалот, а минатата година за малку ќе се степаше и со Кристијано Ронало, па ќе биде интересно да се види нов дуел меѓу нив двајца.

- Оглас -

Најнови вести