Ќе биде вистински спектакл доколку Барса дојде во Загреб на мегдан против Ристовски и Адеми

Еден час по ждребот за Лигата на шампионите, ќе биде одржано и извлекувањето за во Лигата на Европа.

И таму може да има навистина интересни дуели.

Барселона, којашто испадна од Лигата на шампионите, ќе биде носител во шеснаесетфиналната фаза тука и ќе се сретне со некој од второпласираните екипи од групите во ЛЕ.

Навистина би било спектаклуарно доколку го видиме каталонскиот гигант во Загреб против Динамо со Стефан Ристовски и Аријан Адеми или Ерлинг Халанд, кој ќе ја предводи Борусија Дортмунд.

Додека, пак, Наполи со Елиф Елмас исто така ќе дочека некој од тимовите коишто испаднаа од Лигата на шампионите, па покрај овие два споменати тима, можен е и дуел со Шериф Тираспољ.

Како што е добро познато, таму игра Бобан Николов, кој со својот тим одигра навистина добро во Лигата на шампионите.

Во сегашната фаза има 16 екипи, од кои осум ќе патуваат во наредната рунда, а таму ќе ги чекаат првопласираните од групната фаза од Лигата на Европа.

НОСИТЕЛИ (ВТОРОПЛАСИРАНИ ЕКИПИ ОД ГРУПИТЕ ВО ЛЕ): Бетис, Наполи, Глазгов Ренџерс, Реал Сосиедад, Наполи, Олимпијакос, Лацио, Брага и Динамо Загреб.

НЕНОСИТЕЛИ (ТРЕТОПЛАСИРАНИ ОД ГРУПИТЕ ВО ЛШ): Барселона, Борусија Дортмунд, Шериф Тираспољ, Аталанта, Севилја, Зенит Санкт Петербург, Лајпциг, Порто.

- Оглас -

Најнови вести