Ќе биде возбудливо до 31 август – ПСЖ ги отвори картите, бара 200 милиони евра за Мбапе

Пари Сен Жермен ги откри картите и бара отштета од 200 милиони евра за Килијан Мбапе откако, според ЕСПН, ја одби првата понуда на Реал Мадрид од 160 милиони евра.

Сега ќе биде возбудливо бидејќи Кралскиот клуб треба да ја зголеми понудата и тоа треба да го стори до 31 август за да може да го има извонредниот напаѓач во својот состав од оваа сезона.

Мбапе сака да игра за Реал Мадрид и неколупати одбиваше да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, што е важечки до идното лето.

Ако парижаните не го продадат сега, тогаш нема да можат да заработат ништо на 22-годишниот напаѓач што го купија за 180 милиони евра во 2017 година од Монако.

Мбапе е еден од најдобрите напаѓачи на светот, а ако Реал Мадрид го купи за 200 милиони евра, сума што ја бара ПСЖ, тоа сепак нема да биде светски рекорд.

И трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ во 2017 година исто така чинеше цели 222 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести