6724 Малме – Иберија 1999 (19 ч.)
Реванш-меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Малме уште по првите 90 минути си ја заврши работата и славеше со 3:1 на гости, што значи дека вечерва на свој терен треба формално да го потврди пласманот во следната фаза.
Разликата во квалитет е очигледна и шведскиот тим сигурно од првата минута ќе започне офанзивно и ќе стигне до нова убедлива победа.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.50)
6729 Интер Ескалдес – ФЦСБ (20:30 ч.)
Факт е дека гостите од Романија се големи фаворити за победа, но тимот од Андора и на првиот меч во Букурешт покажа дека знае да биде опасен, па успеа да постигне гол, а имаше и промашен пенал. ФЦСБ славеше со 3:1 на тој меч.
Тоа доволно зборува дека играчите на Интер нема да калкулираат и ќе тргнат офанзивно, па може да се очекуваат погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.01)
6730 Брејдаблик – Егнатија (21 ч.)
Албанскиот првак победи со 1:0 по првиот меч и сигурно гостите ќе постават дефанзивна тактика во обид да ја одбранат оваа минимална, но значајна предност. Егнатија е тим кој е познат по дефанзивниот стил на игра, а и Исланѓаните не се многу прославени како добри офанзивци, па не би требало да има многу погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.45)
6728 Шкендија – ТНС (20 ч.)
Македонскиот првак извади 0:0 по првиот меч, па сега на хартија ја има фаворитската улога, која треба да ја потврди и на теренот. На тетовци доволно ќе им биде и минимален триумф за да одат понатаму.
Се очекува уште еден тврд и неизвесен меч, а Шкендија не смее да дозволи да загуби.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.17)
6732 Зрински – Виртус (21 ч.)
Шампионот на Босна и Херцеговина со 2:0 победи на гости во првиот меч против ривалот од Сан Марино и сега пред своите фанови треба рутински да го одбележи пласманот во второто коло од квалификациите.
Во еден меч каде што прашањето за победникот е решено, може да се очекуваат голови во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)