Ке биде „жешко“ гостувањето на Бостон кај Мајами во првиот финален меч на Истокот

8001 Мајами хит – Бостон селтикс (НБА, 02:30 часот)

Далеку полесен беше патот до конференциското финале на Мајами кој што имаше и неколку дена повеќе за одмор од Бостон, кој, пак мораше да игра седум средби против актуелниот првак, Милвоки бакс.

Мајами сезонава е една од најсилните екипи на домашен терен, а тоа ќе се потврди и вечерева. Под знак прашалник е настапот на Маркус Смарт за гостите поради повреда на стопалото, а тој и да настапи, нема да биде максимално подготвен.

Предлог тип: 1 (1.82)

8201 Флорида пантерс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01:00)

Тампа во оваа сезона е еден од најомилените тимови за играње на голем број на погодоци, а така е и вечерва.

Во првата средба од конференциското полуфинале ќе гостуваат на Флорида, а квотата за тоа да видиме седум погодоци изгледа навистина одлично.

Тоа го велиме поради податокот дека на последните две средби кога пантерси биле домаќини видени се неверојатни 24 погодоци (4:8, 9:3) односно во просек по точно 12.

Тешко за верување е дека и вечерва ќе видиме долку голем број на голови, но не и невозможно.

Предлог тип: >6.5 (1.80)

8339 Колорадо аваланш – Сент Луис блу (НХЛ, 03:30 часот)

Второто вечерашно полуфинале од најквалитетната хокејарска лига се игра во Колорадо, каде што веруваме дека домаќините нема да кикснат.

Тие како први носители ќе го дочекаат Сент Луис блу а „Бол арената“ во Денвер ќе биде од голема предност во разигрувањето.

Во четири од последните пет средби, домашниот тим се радувал на победата и тоа прилично убедливо.

Предлог тип: 1 (1.75)

8381 Бем Адебајо (Мајами хит – Бостон селтикс)

Еден од најснажните кошаркари кај домаќините ќе биде задолжен за разорниот напад на Бостон, големиот број на игри во понудата на Sport Life нуди добра можност да се „заработи“ на него.

Според нас, Адебајо вечерва ќе има одлична скокачка вечер и лесно ќе ја надмине границата од 8.5, за што има квота од 1.75. Генерално, во текот на целата сезона тој има во просек од над десет скокови по меч, па според тоа и сега ќе ја оствари таа бројка.

Предлог тип: >8.5 скокови (1.75)

8349 Џејсон Татум (Мајами хит – Бостон селтикс)

Најдобриот поединец на гостите ќе го понесе товарот на своите рамења, како и многупати во текот на оваа сезона.

Иако погоре прогнозиравме победа на Мајами, Татум ќе биде една од главните „главоболки“ за одбраната на домаќините, а тој ќе мора и да одигра далеку подобро од тоа што сме навикнале да го гледаме, со оглед на тоа дека Маркус Смарт е неизвесен со неговиот настап.

Предлог тип: >27.5 поени (1.95)

- Оглас -

Најнови вести