Руската хокеарска „црвена машина“ се врати. Досега на Светското првенство ги прегази сите противници, но сега почнува она вистинското, кога тимовите немаат право на грешка, а на Русите четврт-финален ривал од 16.15 часот им е САД. Американците се аутсајдери на хартија, но тие знаат да одиграат најдобро кога е најпотребно. Дербито се игра во главниот град на Словачка, Братислава.
Во другото попладневно четврт-финале, во Кошице, играат Канада и Швајцарија. Според квотите во Sport Life, колку што е Русија фаворит против САД, речиси исто толку е и Канада против Швајцарците.
Вечерва од 20.15 играат соседите Чешка и Германија и скандинавското дерби Финска – Шведска, дуел кој во минатото многупати одлучувал и за златниот медал на големите натпреварувања. Шведска е бранител на светскиот трон, но на ова СП има веќе два порази, а се мачеше со Швајцарија и Летонија.