Вкупно пет натпревари од кошаркарската Евролига ќе се одиграат вечерва, а најинтересно се очекува да биде во Истанбул и во Белград.
Во Истанбул, екипата на Анадолу Ефес ја пречекува Барселона, додека во Белград ќе играат Црвена звезда и Басконија.
Анадолу Ефес со убедливиот триумф во претходното коло од 99:75 над Вистус Болоња ја прекина црната серија од дури седум порази по ред во Евролигата и ги задржа шансите за пласман во плејофот. Турскиот тим моментно се наоѓа на 15-та позиција со осум победи и 13 порази и има само три победи помалку од позициите кои носат пласман во разигрувањето за титулата.
Барселона пак е во серија од четири победи во низа и е втора на табелата зад лидерот Реал Мадрид. Првата пресметка сезонава заврши со убедлив триумф на Барселона од 91:74, но за вечерва квотата за победа на Анадолу Ефес изнесуба 1.95, додека таа за каталонскиот тим е 2.02.
Во „Штарк арена“ во Белград, кошаркарите на Црвена звезда ќе играат против Басконија која ја предводи човекот кој сезоната ја започна токму на клупата на Црвено-белите, Душко Ивановиќ.
Црвено-белите врзаа две победи по ред и се вратија во игра за пласман во плејофот.
Според квотите, Олимпијакос и Виртус Болоња се големи фаворите да слават пред своите гледачи против Макаби Тел Авив и Асвел, додека неизвесно се очекува да биде во германската пресметка меѓу Алба Берлин и Баерн Минхен.
Богата понуда има и кај кошаркарите за најпопуларната игра „плус-минус“ поени, но и за скокови и асистенции, а комплетната понуда на Sport Life може да ја погледнете на следниов ЛИНК.