7.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Ќе биде „жешко“ во Струмица и во Битола, две пресметки на екипи во борба за опстанок

Првото пролетно коло, а вкупно 17-то во оваа сезона на Прва фудбалска лига на Македонија ќе се комплетира денеска со два меча. Интересно е дека ова се дуели на екипи кои се во опасната зона и сите четири се наоѓаат од осмата до 11-тата позиција.

Брера, која има 19 бода и е на осмото место, е домаќин на Македонија Ѓорче Петров. Гостите од Ѓорче Петров освоија само пет бода на осум гостувања и најважно сега ќе им биде да не загубат. Двете екипи во просек примаат по два гола на меч, па може да се очекува возбудлива пресметка.

Во Битола, Пелистер е домаќин на засилениот Работнички. Романтичарите донесоа повеќе нови играчи во зимскиот преоден рок и за нов овој дуел може да е и последна шанса за спас. Работнички освои само седум бода во есенскиот дел и има дури девет помалку од Пелистер кој е на деветото место кое може да донесе спас од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести