На два дена пред реванш-натпреварот ФЦСБ – Шкендија од квалификациите за Лигата на шампионите, од романскиот клуб откриваат дека досега се продадени 20.000 билети, а се надеваат на трибините за време на мечот да има најмалку 30 илјади фанови.
Во ФЦСБ не цутат розите, загубија и викендов од Фарул во романскиот шампионат, загубија и од Шкендија со 0-1 на првиот меч во Скопје, но ќе добијат исклучително силна поддршка во обидот да се квалификуваат во третото коло од квалификациите за ЛШ.