1001 Евертон – Ливерпул (20:30 ч.)
Градското дерби на Ливерпул секогаш носи посебен шарм и има големо значење за двата тима. Евертон сезонава дома има по четири победи, ремија и порази, а Ливерпул е единствен тим кој сезонава нема пораз на гости (девет победи и три ремија).
Евертон лани на свој терен победи со 2:0, а една сезона претходно ремизираше 0:0, што само покажува дека нема да му биде лесно на Ливерпул, но секако лидерот е голем фаворит.
Предлог тип: 2&2-5 (1.90)
6002 Селтик – Баерн Минхен (21 ч.)
Германскиот гигант е фаворит за победа, но факт е дека Селтик сезонава нема ниту еден пораз на свој терен во сите натпреварувања и тоа треба да биде мотив повеќе за шкотскиот првак.
Двата тима негуваат офанзивна игра, па иако е меч од ЛШ, сигурно нема да има многу калкулации и треба да има погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)
6004 Феенорд – Милан (21 ч.)
Феенорд е тим кој е многу непредвидлив. Во последниве 20 дена го победи Баерн со 3:0, но губеше од Лил, Ајакс и Феенорд. Тоа што е сигурно е дека кога игра Феенорд, има и голови.
Според реномето, Милан е во улога на фаворит, а Росонерите ќе бидат задоволни и со реми.
Предлог тип: Х2&1-3 (2.24)
1022 ВБА – Блекбурн (21 ч.)
Дуел на две екипи чија цел е да бидат во Топ 6 во Чемпионшип. ВБА сезонава во 15 меча има само еден пораз на свој терен. Блекбурн е во лоша форма и има пет порази во последните шест средби што ги одигра.
ВБА е тим кој е асоцијација за нерешено и има 14 ремија во 31 коло, но овојпат треба да ја искористи лошата форма на противникот.
Предлог тип: 1 (2.00)
6007 Монако – Бенфика (21 ч.)
Овие два тима веќе еднаш играа меѓу себе во Лигата на шампионите сезонава. И тогаш Монако беше домаќин, Французите водеа со 1:0 и 2:1, но на крајот Бенфика се радуваше на победа од 3:2.
Сепак, сега влогот е многу поголем, сигурно Монако има научено нешто од грешките кои ги направи и ќе игра претпазливо, но погодоци треба да има.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ (1.93)