Денешните два натпревари од Првата македонска фудбалска лига кои се играат од 14 часот ќе бидат интересни бидејќи станува збор за пресметки помеѓу екипи кои се борат за задржување на прволигашкиот статус.
Во Гостивар, седмиот Арсими го пречекува осмиот Тиквеш. Квотите во Sport Life велат дека благи фаворити се кавадарчани, а Тиквеш ако победи, би се нашол пред Арсими на табелата. На домашните задачата им е да не загубат, а ако победат, тоа би било голем плус во битката за избегнување бараж за опстанок.
Македонија Ѓорче Петров мора да победи против Работнички, а и за гостите важи тоа, па и таму ќе има жестока битка. Двата тима се во опасната зона, особено Работнички, кој има две победи по ред и ќе проба да го фати последниот воз барем за бараж, да не испадне директно, иако нема да биде лесно, имаат седум бода помалку од Лавовите. Квотите за победа му даваат минимална предност на домашниот тим.
„Нормално е да посакуваме победа. Тоа не е нешто што би изненадило никого. Ние секогаш кога излегуваме на терен, посакуваме да победиме. Секој домашен меч сезонава за нас е од огромна важност и нормално е со таков пристап да влегуваме. Секоја чест кон Работнички, квалитетен тим е, местото на табелата не ја отсликува силата на оваа екипа, но ние веруваме во нашиот квалитет и ќе го дадеме максимумот. Бодовите ни се неопходни“, изјави фудбалот на Македонија Ѓ.П., Филип Стојчевски.


