Вечерва во кошаркарската Евролига има неколку интересни натпревари, а за да ви биде поинтересно нивното следење, тука е Sport Life со новата интересна понуда да се обложите на игри од типот кој тим колку тројки ќе погоди или колку скока ќе има.
Кај тројките, границата кај Партизан и Милано е поставена на 9.50 тројки, па треба да погодите дали овие два тима коишто имаат долги победнички серии во Евролигата вечерва ќе дадат едноцифрен или двоцифрен број тројки.
Секако, тука се и стандардните игри со број на поени на индивидуалци (се бројат и поените дадени во евентуално продолжение).
Армани Милано на Ненад Димитријевиќ е во налет, има шест победи по ред, а вечер има тежок испит, гостува во Атина кај европскиот првак Панатинаикос.
Партизан, кој исто така почна да реди победи во Евролигата, вечерва е голем фаворит дома против Асвел, а интересно ќе биде и во Барселона, каде што гостува Фенербахче, и во Париз, каде што лидерот на табелата предводен од нашиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е домаќин на сезонава очајниот Реал Мадрид.