Шест натпревари се играат вечерва во кошаркарската НБА лига, а најголем фаворит за победа е Торонто репторс кој гостува кај Детроит пистонс, но квотата во Sport Life за триумф на канадскиот тим не е за потценување и не значи дека најслабиот тим во лигата кој има рекордна црна низа порази, сигурно ќе претрпи нов пораз.
Освен на дуелот во Детроит, на сите други мечеви кои почнуваат после полноќ, фаворити се домашните тимови, а тоа најавува порази за екипите чии дресови ги носат ѕвезди како Леброн Џејмс, Џоел Ембид и Лука Дончиќ.
Богата е понудата и за број на поени на одредени играчи. Едно од имињата кои може да се најдат е и Леброн Џејмс кој денеска наполни 39 години. Хендикеп границата за Џејмс е поставена на 25.5 поени.
Најмногу поени се бараат од Лука Дончиќ кој со својот Далас гостува кај Голден стејт. Ваше е да погодите дали Словенецот ќе оди над или под 36.5 поени.