Ќе добие ли Ристовски златен медал ако Спортинг ја освои титулата во Португалија?

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски во една сезона може да освои две шампионски титули. Тој со Динамо Загреб, за кого потпиша на почетокот на февруари, го освои хрватското првенство, а сезонава почна во Спортинг Лисабон, кој е на прагот на прва титула во Португалија по 19 години.

Спортинг вечерва ја пречекува Боависта и ако победи, ќе си ја загарантира титулата на две кола до крајот. Но, дали тоа гарантира дека и на Ристовски треба да му се смета како освоен трофеј?

Нашиот репрезентативен десен бек последен пат играше за Спортинг уште во јули минатата година, на дербито со Бенфика. Сезонава не играше ниту еднаш бидејќи се најде во немилост на тренерот Рубен Аморим, со кого се скараа. Од почетокот на португалската лига до заминувањето во Динамо, Ристовски постојано беше тргнат надвор од составот на Спортинг и нема придонес во титулата во најава. Сепак, беше под договор со Спортинг во оваа шампионска сезона и можеби и тој ќе добие медал, па сезонава ќе се закити со два трофеи во две различни првенства.

- Оглас -

Најнови вести