Ќе добие ли Тони Савевски наследник во АЕК? – Грчкиот гигант се интересира за Ристовски

Стефан Ристовски сè уште нема нов клуб, но има интерес за него од неколку клубови, пред сè од Брага, но и од грчкиот АЕК.

Десниот бек на македонската репрезентација по казна беше префрлен во вториот тим на Спортинг Лисабон откако летоска одби трансфер во Динамо Москва.

Русите најавија дека повторно ќе се обидат да го ангажираат Ристовски, а потоа и Брага се вклучи во трката. Сега кругот на екипи што сакаат да го ангажираат Ристовски се прошири, па и АЕК е заинтересиран.

За повеќекратниот грчки шампион во минатото играше Тони Савевски, поранешен фудбалер на Вардар, кој е вистинска икона во клубот од Атина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести