7.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Ќе дојде во Ливерпул, но претходно мора да оди на операција и нема да игра долг период

Стоперот Жереми Жаке мора да оди на операција и најверојатно веќе ја заврши оваа сезона.

Откако уште од неделата беше јасно дека повредата не е наивна, француските медиуми денес објавија дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, по која ќе следува и повеќемесечна рехабилитација.

Младиот дефанзивец се повреди за време на викендот, на натпреварот на кој Рен беше поразен од Ленс со 3-1, поради што мораше да го напушти теренот.

Жаке на последниот ден од зимскиот преоден рок потпиша договор со Ливерпул, кој стапува на сила од 1 јули.

Планот на Ливерпул беше тој да остане во Рен до крајот на сезоната за да продолжи со својот развој, а потоа налето да ги мине целосните подготовки со новиот клуб.

Сепак, оваа операција потенцијално ги менува плановите бидејќи наместо редовна минутажа, Жаке ќе мора да мине подолг период на закрепнување.

Инаку Ливерпул за неговиот трансфер ќе плати 72 милиони евра, сума во која се вклучени и бонуси.

Во Ливерпул се надеваат дека Жаке ќе се врати на терените во што е можно пократок рок и дека ќе биде на располагање за време на претсезоната бидејќи е планиран како големо засилување во срцето на одбраната од сезоната 2026/27.

- Оглас -

Најнови вести