29.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Во Франција ќе победи тимот кој три месеци не се радувал, во Германија играат експертите за „икс“

1001 Лидс – Вест хем (21 ч.)

Дуел на две екипи кои играат офанзивно, па често има голови на двете страни. И традицијата вели дека на пет од последните шест меѓусебни меча двете екипи давале погодоци. Лидс четири меча нема победа на свој терен, а избраниците на Марсело Бјелса сигурно ќе атакуваат на трите бода.

Стратегот на домаќините уште пред два дена го објави стартниот тим, во кој е и нашиот репрезентативец Алиоски. 

Предлог тип: 1Х&3+ (2.28)

 

1701 Сент Етјен – Анже (21 ч.)

Неверојатно е тоа што му се случува на Сент Етјен. Тимот стартуваше со три победи во првенството, а сега нареди 10 средби без победа (седум порази и само три нерешени). Анже е во добра форма и триумфираше на три од последните четири кола, а посебно одличен е билансот од четири победи на шесте досегашни гостувања во првенството.

Ова треба да е меч на кој Сент Етјен треба конечно да ја прекине низата од речиси три месеци без победа.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

3001 Сасуоло – Беневенто (20:45 ч.)

Сасуоло има три победи и едно реми во четирите средби со овој ривал, а просекот на дадени голови е точно три. Фактот дека Сасуоло моментно е пред Лацио и Рома на табелата потврдува дека се работи за квалитетен состав. Беневенто во просек прима по два гола на меч, но и дава барем еден, што е најава за отворен дуел.

Може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I &1-3 II (1.76)

 

1801 Волфсбург – Ајнтрахт (20:30 ч.)

Ова е меч на две екипи кои се експерти за нерешени резултати сезонава. Ајнтрахт игра нерешено на шест од последните седум првенствени меча, а и Волфсбург може да се пофали дека досега шест пати одигра без победник во 10 натпревари, а заедно со Баер Леверкузен се единствени без пораз сезонава.

Кога играат меѓу себе овие два тима, речиси 15 години не се случило да нема голови.

Предлог тип: Х (3.65)

 

1301 Валјадолид – Осасуна (21 ч.)

Екипи кои се во зоната за испаѓање во моментов и сигурно дека се меѓу кандидатите кои може следната година да не бидат дел од Примера. Само со осум дадени гола, Осасуна го има најслабиот напад во Шпанија. И Валјадолид не е многу подобар кога се работи за офанзивниот дел.

Фактот дека на девет од последните 11 меѓусебни средби завршувале со не повеќе од два гола е најава дека вечерва треба да биде тврд и неатрактивен меч.

Предлог тип: 0-2 (1.60)

 

- Оглас -

Најнови вести