Ќе ги следиме традициите на дуелите меѓу денешните ривали

1587 Кармиотиса – Пахос (18 ч.)

Кармиотиса освои само 16 бодови од 14 меча, а дури 10 бода им се на домашен терен, што значи тоа е нивен силен адут. Пахос игра одлично и досега има само еден пораз и нивна цел е врвот на табелата во Кипар. Тоа е тимот со најдобар напад (30 постигнати гола во 14 меча) и одлична одбрана (само осум примени погодоци).

Овие два тима имаат одиграно осум дуели, а Пахос седумпати се радувал, а само еднаш било нерешено. Само пред три месеца, Пахос дома убедливо со 4:0 се радуваше, па тие и сега се фаворити за победа.

Предлог тип: 2&0-3 (2.15)

 

5608 Смуха – Ал-Итихад (16 ч.)

Смута е тим кој дури четири пати ремизираше во првите седум кола, а Ал-Итихад е единствен клуб без ниту едно реми во првенството на Египет. Главен адут на двете екипи им е одбраната, но ако се види традицијата во меѓусебните дуели, ситуацијата е многу поинаква.

На последните осум дуели на овие две тола секогаш било гол-гол ситуација, а петпати било со ГГ3+ комбинација.

Предлог тип: ГГ3+ (2.55)

 

1023 Виган – Шефилд јунајтед (21 ч.)

Со целосно различни амбиции се овие два тима. Виган е претпоследен на табелата во Чемпионшип, додека Шефилд јунајтед е втор на табелата. Виган има ранлива одбрана и тоа треба да го искористат гостите, но факт е дека и домаќините нема лесно да се предадат. Се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.08)

 

3020 Перуџа – Венеција (20:30 ч.)

Перуџа е на дното на табелата во Серија Б со 13 бода, а и Венеција не е многу подобра и досега освои само 19 бода, па затоа е во опасната зона. На шест од последните седум меча на Перуџа немало повеќе од два гола, а и Венеција не е некој тим кој може фуриозно да нападне.

Предлог тип: 0-2 (1.60)

 

1556 Спортинг – Брага (21:15 ч.)

По завршувањето на Светското првенство во Катар, продолжуваат возбудувањата и во најсилните лиги во Европа. Во Португалија се игра четвртфинале од Лига купот, и тоа меѓу екипи кои имаат по пет победи во последните пет средби и се полни со оптимизам.

Во последниве година и пол, овие два тима одиграа четири средби и секогаш изобилувале со погодоци, односно било ГГ3+.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

- Оглас -

Најнови вести