Ќе гледаме скандинавско финале: Норвешка преку домаќинот Германија до борба за злато

Норвешка го совлада домаќинот Германија со конечни 31-25 во второто полуфинале на ракометното Светско првенство. На тој начин актуелниот вицешампион повторно ќе се бори за злато, а воедно си закажа скандинавско финале против Данска.

Атомски ракомет се одигра во Хамбург, Норвешка од почетокот па до самиот финиш играше на високо ниво. Избраниците на Прокоп само во воведните минути од средбата беа во предност, а по 3-1 се тргна во надолна линија за Германците. Иако на две минути пред крајот Германија имаше надеж да ја стигне негативата која во тие моменти беше -2, Норвежаните реализираа во четири последователни напади и на крајот издвоија убедлива победа.

Род со седум гола беше најефикасен во составот на Норвешка, по шест дадоа Сагосен и Мирол. Генсхајмер со седум погодоци беше најрасположен во германската селекција.

Финалето меѓу Данска и Норвешка е закажано за недела во 17:30 часот, додека три часа претходно ќе се бие битка за бронзен медал меѓу Франција и Германија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести