МЗТ Скопје води со 40:35 по првото полувреме против Сутјеска во премиерниот меч што мора да се добие на плејоф-турнирот на АБА 2 лигата.
Македонскиот првак е организатор на настанот и е прв носител и фаворит за да обезбеди пласман во АБА-лигата.
По стартната негатива од 8:13, Металците направија пресврт и успеаја со сигурна игра да обезбедат предност од 40:35 и како фаворити влегуваат во второто полувреме.
Кристијан Николов со 12 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, а популарните Штркови доминираат во скок-играта со 23:8 во скокови.
Војдан Стојановски даде 8 поени, а Рикиќ има 7.
Победникот од овој меч ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Широки Бријег и Спарс Сараево, што ќе се игра од 21 часот.