Ќе го оставам срцето на терен за овој клуб и за навивачите

Тијаго Алкантара од денеска ја започна новата приказна во својата кариера. Стана играч на Ливерпул. Шпанецот го доби дресот со бројот 6 и веднаш најави дека е подготвен да „гине“ за актуелниот шампион на Англија.

Ливерпул е само трет клуб во кариерата за Тијаго. Започна во дресот на Барселона каде помина четири сезони, а потоа направи трансфер во Баерн Минхен. Во дресот на германскиот гигант беше од 2013 година до сега, а си заминува како освојувач на тројната круна. Сега најавува дека е време и со Ливерпул да освојува трофеи.

„Долго време го чекав овој момент и се чувствувам фантастично. Многу сум среќен што сум тука. Како поминуваат годините така се обидувате да освоите што е можно повеќе трофеи, но секогаш сакаш повеќе. Овој клуб го опишува тоа што сум јас, сакам да освојам се. Мислам дека тука ќе ја имам таа топлина на семејна топлина која ми е потребна. Знам дека ќе треба што е можно побрзо да се адаптирам на екипата. Сакам да му помогнам на тимот на секој начин. Сепак лесно е да се зборува, треба да се покаже и на терен. Ќе го оставам срцето на терен за своите соиграчи, за клубот, за навивачите“, рече Тијаго на промоцијата.

 

- Оглас -

Најнови вести