29.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Македонија ќе го пензионира ли Роналдо од Светските првенства? Јас ќе одлучам кога е крај

Кристијано Роналдо е веќе длабоко влезен во четвртата деценија од својот живот, но тој константно покажува дека годините не се проблем за него.

Сепак, во моментов фудбалерот на Манчестер јунајтед има 37 години, а пораз од Македонија вечерва би значел дека тој најверојатно ќе се опрости од настапите на Светските првенства.

„Вие момци имате навика да ми го поставувате ова прашање. Јас кога ќе одлучам, тогаш ќе биде крајот. Ако чувствувам дека нема да можам да играм, тогаш нема да играм, а ако се чувствувам добро, тогаш нема причина зошто да не настапам“, изјави Роналдо.

Доколку вечерва загуби Португалија, тоа значи дека најдобриот нејзин фудбалер во историјата би имал 41 година на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести