Ќе го продолжи ли Меси мундијалскиот сон, квотите се одлични дека ќе им даде гол на Лалињата

Селекцијата на Аргентина вечерва од 20 часот ќе игра против Холандија во второто четвртфиналена Светското првенство што се одржува во Катар.

Ова е последен мундијалски танц на Лионел Меси, воедно и последен обид да стане светски шампион, и очекувано, фокусот на јавноста и на навивачите е насочен токму кон него, а Аргентинецот засега игра фантастично на Мундијалот.

Меси е најдобар кога е најпотребно, но треба да се покаже и вечерва, а тоа од него го очекуваат и обложувалниците.

Во специјалниот сингл на Sport Life, токму Меси е фаворит да го постигне првиот гол на натпреварот и квотата за такво нешто изнесува 5, додека за да постигне гол во било кое време е 2.50. Коефициент од 3.50 има за Аргентина да обезбеди пласман во полуфиналето и Меси да се запише во листата на стрелци.

Кај Холанѓаните, младиот Коди Гакпо игра фантастично, а кога беше најпотребно, на сцена стапи искусниот Мемфис Депај. Депај во осминафиналето против САД (3:1) го постигна првиот гол на натпреварот.

Иако главните ѕвезди на двете репрезентации се играчи од нападот, одбаните се на висина на задачата, Лалињата примија само два гола на четири меча, додека Аргентинците три и затоа можно е првиот гол да се бара во второто полувреме. Од 51-вата до 60-тата минута да биде период во кој ќе биде постигнат првиот погодок, квотата е 7.

Во случај да нема победник во регуларните 90 минути, потоа остануваат дополнителните 30 минути за да се дознае победникот, а на крајот опција е да се шутираат пенали. Квотите се идентични за двете репрезентации да победат по подобро изведување на пенали.

Секогаш тука се и игрите за бројот на корнери, фаули, жолти картони, удари во рамките на голот и вкупниот број шутеви.

- Оглас -

Најнови вести