Ќе го прогласевме за видовит: За малку ќе ги погодеше сите точни резултати од ЛЕ и ЛК (Фото)

Неверојатен тикет ни пристигнува од Прилеп, на кој играч за малку ќе ги погодеше сите точни резултати од полуфиналните натпревари во Лигата на Европа и Конференциската лига.

Дуелите од Лигата на Европа се погодени со точните резултати, Јувентус – Севиља 1-1 и Рома – Баер Леверкузен 1-0. Погоден е и резултатот на дуелот Вест хем – АЗ Алкмар 2-1, но работата запна во второто полувреме, на натпреварот Фиорентина – Базел.

Играчот за овој натпревар типувал точен резултат 2-0 – по првото полувреме Фиорентина имаше водство од 1-0, но во второто полувреме Базел направи комплетен пресврт.

Тикетот уплатен само со 30 денери имаше добивка од неверојатни 75.815 денари.

- Оглас -

Најнови вести