Ќе го трпи ли овој циркус Чоло Симеоне? Де Пол излажа дека е во Аргентина, го фатија жив во Мајами со новата девојка (Фото)

Вистински скандал предизвика Родриго де Пол, аргентинскиот репрезентативец што настапува за Атлетико Мадрид и сигурно го очекува клупска казна, откако ги излажа популарните Јорганџии.

Де Пол во средата играше за Аргентина на пријателскиот меч против Јамајка и доби дозвола од Атлетико Мадрид да остане уште некој ден за да ги разреши семејните проблеми по разводот со својата поранешна сопруга Камила Хомс.

Родриго се уште официјално не е резведен со Хомс и мора да го разреши тој проблем за да игра за Аргентина на Мундијалот, поради строгите закони во Катар, кои не дозволуваат влез на странци без регулиран брачен статус.

Наместо во Аргентина, Де Пол заминал за Мајами за да ја посети својата нова девојка Тини, која имала концерт, а доказ е фотографијата на која фудбалерот се наоѓа до пејачката.

Аргентинецот сигурно нема да игра за Атлетико Мадрид на гостувањето кај Севилја, утре од 18.30 часот,  се очекува да се види каква ќе биде реакцијата на Чоло Симеоне и на раководтството на клубот од Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести